Притворот на Кочан беше определен во истрагата на СЈО со кодно име „Труст“ против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „ВАТО“ за фалсификувани документи за учество на тендер на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Според наодите на СЈО, ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат имотна корист од над 17 милиони евра.
Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011. Судот побара притвот и против второосомничениот Василије Авировиќ, но нему судот му забрани да одржува контакти или врски со определени лица и мерка забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Превземено од Центар Њуз