(Фото) Мајка мислела дека е бремена со едно бебе, но родила пет

0
1591

Дваесет и петгодишна жена родила пет здрави женски деца во рок од половина час, иако мислела дека во стомакот носи само едно бебе. Манита Синг била примена во локалната болница во градот Амбикапур во источна Индија откако се пожалила на болки во стомакот. Таа била во 26 недела од бременоста.

Докторите кои биле задолжени за породувањето на жената виделе дека таа носи пет бебиња во стомакот. Мајката не знаела колку бебиња има бидејќи никогаш не била на преглед кај гинеколог. Таткото на бебињата, Махеш Синд кој има 26 години е пресреќен што добил 5 деца.

Иако мајката и бебињата се во добра здравствена состојба, докторите ги проверуваат бебињата постојано бидејќи шансите тие да преживеат се многу мали. Докторот кој бил задолжен за породувањето изјавил дека ова е првпат тој да изврши породување на жена која носела петторка.

„Ние сме многу среќни поради тоа што сега за сега се добро и мајката и бебињата, но не можеме да кажеме дека ќе преживеат сите бебиња, додал докторот.