(ФОТО) Ленче Николовска: Болеста ги сотре кравите, сточарите останаа без егзистенција!

0
1368

Села Кучичино и Теранци…сликано вчера.

Ова е што се гледа, а смрдеата е неподнослива. Повеќе од 400 крави има затрупано овде.

kravi7-610x610 kravi3-2-610x610 kravi2-2-610x610

Колку фарми останаа празни, колку земјоделци без парче леб?

Одговорност и обештетување на сточарите е тоа што треба веднаш да се направи.

Прогнозите на Министерството за земјоделство од почетокот на болеста „јазлеста кожа“ кај добитокот, беше 3000 заболени грла. Како опасно се шири болеста, а вакцините задоцнија, оваа бројка може да биде и поголема. Но да претпоставиме дека сепак ќе заврши со 3000 грла, тоа значи по 1000 евра просек од крава (високомлечните се над 1500 евра, а бушите околу 700 ) 3 милиони евра ги оштети Груевски сточарите. Имајќи предвид ненавремената реакција на АХВ, непрофесионалноста и негрижата на институциите, власта се посочува како најодговорна за оваа штета на сточарите и ќе дојде време кога некој за ова ќе одговара. Но тоа сега ништо не им значи на сточарите. Тие очекуваат помош, си ги сакаат кравите назад, за да продолжат да егзистираат. Сериозна влада за каква се стремиме, ќе увезе и ќе им ги даде на сточарите.
З милиони евра за спас на сточарите и домашното млекопроизводство не се ништо во услови кога оваа власт потроши 4000 крави само за триумфалната капија или 9000 грла добиток за споменикот Воин на коњ, а планира дури 18 000 крави да се „вртат“ на панорамско тркало.

Сточарите што побрзо го тргнат Груевски и ВМРО ДПМНЕ од власт, тоа побрзо ќе излезат од кризата во која западнаа и како фамилии и како земјоделски производители.

Фејсбук статус на Ленче Николовска