(ФОТО) ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ПУШТЕНИ НА НАЈЈАКО : ВОЗИЛОТО ОБЈАВЕНО ПО СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ НЕ Е НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

0
2451

Возилото кое е објавено по социјалните мрежи и кое е претставено како службено возило на министерството за Транспорт и врски каде министер е Горан Сугарески е сосема друго возило и приватно додека службеното возило на министерството е паркирано пред самото министерство каде целта е да се добие впечаток дека министерот го користи службеното возило за партиски или приватни цели, исто како што се правеше за мерцедесот од 650.000 евра дека премиерот Заев го користи за партиски цели и за службеното возило на МВР каде главните медијски Вмрофони пишуваа дека Оливер Спасовски го користи возилото на МВР за партиски цели.

Фотката со лажното службено возило на министерството за транспорт и врски е објавена токму во време кога министерот Сугарески е на терен во Ресен во екот на кампањата Македонија во ЕУ и НАТО.

Исто така се работи за возила со различни регитарски таблички каде јасно е видливо каде се наоѓа службеното возило. Со вакви местенки се служат неколку рекетарски портали кои потоа про-вмровските лажни профили го пакуваат истото по социјални мрежи.

Ова е возилото кое се шири по социјалните мрежи и е претставено како возило на министерството за транспорт и врски кое е паркирано во некоја подземна гаража или во некоја зграда-шупа.

Ова е службеното возило на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кое е паркирано пред зградата на министерството.