(ФОТО) КЛАСИЧНО ПЕРФИДНИ МЕСТАЧИ : Еве како скандалозно е монтиран „случај Максим Димитриевски“, во ОЈО се консултирале со треторазретни службеници од МВР!

0
1511

Погледнете како нарачателите и извршителите на обидот пратеникот на СДСМ од жртва да се направи насилник се „консултирале“ во ОЈО – резил невиден!

На оваа фотографија, до која ексклузивно дојде порталот Плусинфо, јасно се гледа како е направен обид да се монтира „случај Максим Димитриевски“. Станува збор за „службена белешка“ на СВР Куманово за состанок одржан во Основното јавно обвинителство во Куманово, каде што по „консултациите“, се добива насока како да се постапува – по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Slikata

На фотографијата се гледа од кој ранг се полициските службеници кои се „консултираат“. Нивните имиња и потпишаните автори на оваа белешка Плусинфо засега нема да ги објавува во јавноста, за да не ја загрози постапката. Инаку, неофицијално дознаваме дека до ваква разврска дошло по усмена наредба од највисок полициски функционер во СВР КУманово, кој бил во директна спрега со ВМРО-ДПМНЕ и со водечки партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ во МВР, кои пак сковале план инцидентот на семејната прослава на Димитриевски во ресторан во Куманово да го искористат за негова лична дискредитација.

Како што веќе објавивме, неколку лица, меѓу кои имало и вооружени припадници на МВР во цивил, на 6 април, на семејна веселба на пратеникот Максим Димитриевски во познат кумановски локал, се однесувале насилнички кон гостите, а потоа пријавиле дека биле нападнати од пратеникот и го повредиле. По извесни двоумења, со оглед дека добар дел од кумановската полиција одбила да учествува во оваа валканица, скована е некаква службена белешка, после која се вршени овие „консултации“. Неофицијално дознаваме дека во текот на утрешниот ден (вторник, 25 април), ќе биде поднесена кривична пријава против пратеникот, освен ако криминалците во МВР не се предомислат во последен момент.

Што е уште поинтересно, во службената белешка што ја објавуваме, јасно се гледа дека дури и обвинителството, ако и самото под притисок, дало насока случајот да се третира како прекршок, а не како кривично дело. Дури и наспроти таа насока, која е скандалозна сама по себе (се темели на невистини), моќниците сепак одлучиле пратеникот Димитриевски да го гонат кривично. Вакво нешто е крајно невообичаено во нашата правосудна пракса, дури и во времето на МВРО-ВМРО.

Што ќе се случува понатаму е неизвесно. Дузина сведоци присутни на настанот, некои и самите жртви на насилство, во полиција потпишале искази дека вистината е на страната на пратеникот на СДСМ. Како ќе се објаснуваат тие искази, како и оваа „службена белешка“ за извршените „консултации“, не се знае. Се знае само тоа дека ќе биде голем резил – имињата на полициските службеници кои нарачале и учествувале во монтировката ќе се откријат, а повеќе кумановски полицајци во чаршијата наголемо раскажуваат кој стои зад скандалот.

Плусинфо има најава дека од местото на настанот пстојат видео-материјали, кои недвосмислено покажуваат кој е насилникот. Тие материјали ќе бидат презентирани јавно, по што резилот ќе биде уште поголем.

Извор : Плусинфо