(ФОТО) Зврлевски како посран, Бејли го седна на заедничка маса со Катица Јанева и романската обвинителка која апси премиери

0
1672

Сите поканети гости се појавија на конференцијата на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем?“, која од утрово се одржува во хотелот „Холидеј ин“, со почеток во 10.30 часот. На иста маса седнаа јавниот обвинител, Марко Зврлевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пренесува „Мета“.

На конференцијата гостинка и учесник ќе биде романската главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција (ДНА), Лаура Кодрута Ковеси.

И Собраниската комисија за политички системи ја чека Јанева на седница закажана за денеска во 11 часот. Комисијата треба да ја продолжи работата за разгледување на извештајот за шестмесечната работа на специјалната јавна обвинителка.

Претседалот на комисијата, Владимир Ѓорчев, вчера ја одложи седницата поради, како што рече, неприсуството на Јанева, кое го оцени како непочитување на Собранието, Уставот и на законите.

Повеќе фотографии ОВДЕ