(Фото) : Залетан автомобил усмрти жена во Капиштец

0
1107

Женско лице е жртва на денешната сообраќајка која се случи на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.

2-7-јули-2015-540x359

Жената е прегазена од автомобил „опел корса“ што со голема брзина се движел по улицата од Козле во правец на центарот на градот. Автомобилот потоа влетал и искршил излог на дуќан во соседна зграда на хотелот „Квин“.

Сообраќајот на улицата „Васил Ѓоргов„ е во целосен прекин.

Во тек е увид од страна на МВР и Јавен обвинител.

фото: Борче Поповски