(Фото) Заев на полноќна велигденска литургија со своите сограѓани

0
1342

zv 1

Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ноќеска на полноќ присуствуваше на Велигденската воскресна литургија во црквата „Св. Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица.

Христовото воскресение го дочека со сопругата Зорица, претседателот на Советот на општината, Јосиф Христов и членови на Советот, како и со најблиските соработници и поголем број граѓани кои се собраа во овој православен храм, соопшти Општина Струмица.

Честитајќи си ги велигденските празници сите заедно си посакаа здравје, радост и спокоен живот во семејствата.

zv 2 zv 3 zv 4