(ФОТО) Заев во Прилеп: 11. Октомври е нова можност за заедничка Визија за Македонија

0
1724

Zaev-Prilep10-640x320

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е во Прилеп и прилепско. Се сретна со земјоделци, со стопанственици, а беше и меѓу граѓаните на традиционалниот Граѓански собир во чест на 11 Октомври, во с.Селце, во околината на манастирот Св. Димитрија.

„Дозволете ми во пресрет на празникот, Народното востание на Македонија, си личи овде од Прилеп, на целиот наш народ да го честитам големиот празник и овде, традиционално, на местото, село Селце, манастирот Св.Димитрија, на традиционалното собирање граѓаните, да посакаме Господ и Св.Димитрија да ни ја чуваат и земјата и нашиот народ.

Zaev-Prilep11

Прилика е, по повод големиот празник да бидеме овде со граѓаните, да позборуваме за актуелните проблеми, да позборуваме за нашата иднина, секако, зборувајќи и за нашата Визија за Македонија, но и да слушнеме што граѓаните имаат да кажат.

Од рано утро имавме средба со стопанствениците, понатаму, бевме во Мало Коњаре, се видовме со тутунарите, со производителите на пиперката, на другите земјоделски производи, многу граѓани овде живеат од земјоделието, да поразговараме за актуелните состојби, да понудиме одредени решенија и секако да споделиме визија за иднина којашто нѐ очекува сите нас заедно.

Zaev-Prilep12

Мене ми е посебно важно и драго што, навистина, по вакви големи празници, на вакви свети места се собира нашиот народ и оваа слика ми е посебно пријатна заради тоа што го личи нашиот народ да биде заедно.

Можеби политичката криза ја дрмна Македонија и ја растресе, но сето тоа да биде во полза на добрата иднина. Се надевам дека народот ќе биде уште посплотен во периодот којшто доаѓа, сѐ со конечна цел, подобар живот за сегашните и идните генерации“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Zaev-Prilep9

Zaev-Prilep8