(ФОТО) ЕВЕ УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА ЉУБЧО Е ВО КОАЛИЦИЈА СО ГРУЈО: Синот на неговиот шеф на кабинет денеска ги пречекуваше гостите во МНР на прославата на 70 години завод за статистика?!?!

0
2038

Денеска екипата на Мактел беше шокирана кога на влезот на зграда на МНР на прославата од 70 години завод за статистика беше пречекана од синот на шефот на кабинет и најверен човек на Љубчо Георгиевски, Ванче Ефтимов. Неговиот син, (на средина од сликава со црно сако, потпрен на лифтот) Александар Ефтимов е исто така често присутен во кабинетот на Груевски во ВНРО НП и беше чудно да се види во МНР како официјално лице кое ги пречекува гостите на прославата за 70 години завод за статистика.

aleks eftimov

Ванчо Ефтимов и Љубчо Георгиевски се комшии во Делчево и нивното пријателство трае повеќе од две децении и тој му бил шеф на кабинет и кога Љубчо бил премиер и тој важи за негов најблизок соработник, му ги знае сите тајни и лични и професионални. Запрепастувачки е да се види како неговиот син ги пречекуваше денеска Зоран Ставревски и другите функционери од првиот ешалон на ВМРО ДПМНЕ. Ние го прашавме што бара тука тој ни кажа дека работи веќе два месеци во државниот завод за статистика.

Дали ова значи дека веќе неколку месеци ВМРО НП е во некаква неофицијална коалиција со ВМРО ДПМНЕ или тоа трае и од порано?!