(ФОТО) Еве како ќе изгледа новата зграда на македонскиот Доналд Трамп, бизнисменот Ванчо Чифлиганец во Кисела Вода: Порта Адора!

0
2244

Секоја ваква зграда го зголемува македонскиот БДП за пола процент, затоа што се работи за инвестиција од 20 милиона евра и во која се побарува бетон, железо, цигли, стакло, врати, плочки, адинзи, лепаци, работна рака, фарби, храна за работниците итн итн… Груевски доста паметно ја претвори Македонија во една голема градилница особено Скопје и со тоа го крена македонскиот БДП значително во ситуација на светска и економска криза.

porta adora

Штета што автопатите не почнаа да се градат порано па и Македонија да се претвори во едно градилиште наместо да се лупнат пари во споменици и фасади и фонтани кои се државно фрлање пари, овие згради се приватна инвестиција базирана на профит и пазарни механизми, со банкарски заеми, па и банките имаат профит, потоа за становите народот ќе земе кредит па и банките ќе се омрсат итн итн…

И идната власт мора да го следи ова темпо на реформи во катастарот и законите кои ќе го олеснат градењето во цела земја, градежништвото може да помогне да се вработи народот, но тоа мора да биде пратено со други индустриски развиени гранки за народот да има пари за да купи станови кои чинат над 50 000 евра, а со рекетарството и криимналот и комунистичкото владеење на ДПМНЕ ние никако да имаме сериозен раст во економијата.

Што се однесува на Адора и Ванчо Чифлиганец, тој нема градено ниту еден објект од Скопје 2014-та, се нема јавено на ниту еден тендер, си купува локации и гради згради за индивидуални купувачи. Такви бизнисмени ни требаат повеќе кои нема да делат тендери во РЕК и нема да ја крадат државата во соработка со Груевски!