(ФОТО) Демохристијаните од ДПМНЕ на дело : На страницата на АВРМ има опција за вработување на проститутка!

0
978

На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) има опција да се огласи вработување на проститутка, но таквите огласи системот ги отфрла поради тоа што ова работно место во земјава е забрането, пишува порталот Сакам да кажам. 

print-skrin-od-stranat-na-avrm-kade-ima-opcija-za-vrabotuvawe-prostitutka-696x557

– Опциите кои стојат во апликацијата е-работа за оглас во менито работно место, се согласно меѓународната класификација на занимања, но за дел од нив, кои во Македонија со закон се забранети, при обидот да се објави оглас, системот не дозволува и ваков оглас никогаш нема да видите преку Агенцијата за вработувања – вели за СДК, директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Проституцијата како професија е ставена во Националната класификација на занимања и е усвоена како национален стандард со одлука на македонската Влада во 2011 година. Проституцијата во Македонија се смета за кривично дело.