(ФОТО) Делегација на СДСМ оддаде почит на визионерот Гоце Делчев: Го продлжуваме неговото дело

0
1260

Делегација на СДСМ во состав Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателка на СДСМ и Диме Велковски, претседавач со Централниот одбор на СДСМ, денеска оддаде почит на националниот херој и револуционер Гоце Делчев.

„И по 145 години од неговото раѓање, делото на Гоце Делчев останува цврст мотив за сегашните и за идните генерации за слобода, еднаквост, правда, како темелни вредности на мирот и просперитетот на Република Македонија.

IMG_3332

Социјадемократскиот сојуз на Македонија одлучно стои зад овие вредности, за што говорат и нашите определби за заедништво помеѓу граѓаните и економски напредок и добар живот за сите.

Заложбите на големиот визионер Гоце Делчев за кутлурен натпревар помеѓу народите се и наша обврска во тој дух да ја развиваме Република Македонија како дел од светот“ велат од СДСМ.IMG_3368

IMG_9218