ФОТО: Герила акција на Студентскиот пленум – Се гласаше пред затворените простории на студенсткиот парламент

0
963

Симболично, со импровизирана гласачка кутија, преставниците на студентскиот пленум, денес гласаа пред затворените простории на студенсткиот парламент. Како што велат од пленумот, ваквата герила акција е повик до сите студенти, да ги бојкотираат избори те на студентски лидер, кои ќе се одржат кон крајот на овој месец.
реакција на пленумот:

Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” се соочува со нетранспарентно, киднапирано, нелегитимно студентско организирање. Имено Студентскиот Парламент на УКИМ (СПУКМ), институција која според Законот за високо образование треба да ги претставува студентите и да ги брани нивните интереси веќе со години функционира како затворено, нетранспарентно тело во кое седат нелегитимни преставници на студентите и работи само за своите сопствени интереси. Тело кое со години го киднапираше студентското организирање, ситуација која за жал студентите не се запознаени или не влијаат во политиките на својата единствената студентска организација.

Најнапред, Кирил Спировски, Претседателот на Студентскиот парламен на УКИМ, првиот претставник на студентите има истечен мандат. Последните избори за Претседател на СПУКМ се распишани во 2012та година, со што мандатот на сегашниот претседател е завршен веќе 2 години откако истиот истекол во 2014тата година. Со овие дејствија, Кирил Спировски директно го прекршува членот 356 од Статутот на УКИМ во кој се вели дека: „Студентскиот парламент на Универзиетот има свој претседател, кој се избра на тајни и непосредни избори со мандат од 2 години, без право на уште еден последоватолен избор.” Со ова, лицето, кое неодамна распиша избори за нов претседател на СПУКМ, нема легитимитет да го направи истото.

Понатаму се јавува уште еден аларамантен проблем поврзан со работењето на СПУКМ, а тоа е нефункционалноста на студентските парламенти на факултети. Имено, според досегашните анализи кои произлегуваат од разгледаните документи во Централниот регистер, се согледува дека студентските парламени на матичните факултети не се составени од студенти избрани на тајни и непосредни избори, и повеќето претседатели на истите се со истечен мандат. Односно фактот дека избори за студентски претстваници на во парламентите на факултетите не се одржани во последните 3 година укажува на фактот дека во нашите парламенти седат студенти со истечен мандат. Ова е директна повреда на чл. 351 кој предвидува изборите за преставниви во Студентските парламени на матичните факултети да се одржуваат на секои 2 години. Истите овие нелегитимни студентски претставници со истечен мандат, дале препорака на новите кандидати да претседател на СПУКМ, а со тоа ја довеле во прашање кандидатурата на студентите кои претендираат да станат претседатели на СПУКМ. Имено истата е неважечка бидејќи доаѓа од претставници на факултети кои немаат легитимитет да ја дадат таа препорака.

Дополнително, со целата изборна постапка на СПУКМ се повредува правото на учество на студентите во управувањето, бидејќи изборите се спреведуваат врз основа на нов Правилник, кој не е достапен во јавноста, студентите и телата на Универзитето. Правилникот што е изменет, е изменет од страна на тела на СПУКМ со истечен мандат при што тие немале надлежност да го менуваат Правилникот за спроведување избори на СПУКМ.

Истовремено, изборите се спроведуваат по завршување на академската година во време на одмор, спротивно на Академскиот календар, период кога најголем број од студентите не се во можност да излезат на избори и да реализираат своето право на глас.