(ФОТО) Герила-акција во Штип: Внимавајте, Диме Спасов на патот

0
1198

Изминатиот викенд на фреквентните улици од Штип се појавија импривизирани сообраќајни знаци со содржина „Внимавајте, Диме Спасов на патот“. Знаците се дел од герила-акција, a кој стои зад неа, остана непознато.

Знаците се поставени во строгиот центар на градот, покрај реката Отиња, покрај пешачката патека во коритото на реката Брегалница и во паркот во населбата 8 Ноември, кој е претворен во големо градилиште.

Извор: Мета