ФОТО: Гаража претворена во простор од соништата

0
1092

Гаражата претворена во соба е проект на дизајнер Мануел Теики и се наоѓа во неговиот роден град Брашов, Романија.

Сопствениците на домот сакале топол и удобен простор со еклектични вибрации, што совршено ќе одговараат на младото семејство. Теики ја претвори нивната едноставна гаража со соба од фантазиите.

Плафонот, подот и едниот главен ѕид се покриени со дрво. Еден од ѕидовите е прекриен со колаж со парчиња од махагони дрво. За рустикалниот изглед придонесува мал дрвен бар камуфлиран со оксидирани лимени плочи.

Во средината се наоѓа жолт тросед, кој го осветлува просторот, додека отоманот кој одговара на софата може да биде претвори во мала масичка за кафе.