(ФОТО ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО) ЦЕЛА ВЛАДА НА ПРИЕМ ВО ВАТИКАН, ЗАЕВ МУ ДАДЕ ПОДАРОЦИ НА ПАПАТА И ГО ПОКАНИ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

0
2063

Поглаваро денеска ја прими македонската делегација која е во Рим на чествувањето на браќата Кирил и Методија.

Како што соопшти владината прес служба, за време на аудиенцијата во разговорот, премиерот Заев го изразил неговото лично и високото задолство во името на Владата на РМ од зголемената динамика на билатералните посети и на односите на нашата земја со Светата столица, како што беше историската посетата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин во 2016 година, како дел од активностите за канонизацијата на Пресвета Мајка Тереза.

Заев ја повторил отворената покана за папата Франциск во блиска иднина да ја посети Македонија.

– Му пренесов на Папата Франциск дека очекуваме да влезат во завршна постапка процедурите за отворање на дипломатска канцеларија, апостолска Нунцитура во Скопје, со што ќе се создадат услови за зајакнување соработката во области од заеднички интерес. Имаме аеднички афирмативни ставови за ликовите кои се дел од нашата заедничко наследство како што се Света Мајка Тереза и Светите браќа Кирил и Методиј, како за силни темели на историските врски меѓу Република Македонија и Ватикан, изјави Заев по средбата со Папата.

Посебно внимание во разговорот со папата Заев посветил на градењето и негувањето на темелна определба на Република Македонија – Едно општесто за сите.

– Остварувањето на оваа наша заложба е можна само со постигнување целосна слобода на изразување на религијата во духот на мултиетничкиот, мултикултурниот и мултирелигиозен карактер на земјата и со дијалогот и взаемното почитување на разликите, изјави Заев, додавајќи дека тесната соработка со Католичката црква во Македонија и нејзината конструктивна улога како еден од столбовите на меѓурелигиозниот соживот во нашата земја е еден од најважните фактори за остварување на идејата „Едно општество за сите“.

Заев на папата му подарил реплика од мозаикот, на кој се претставени пауни и елени, како илустрација на 41. Псалм на Пророкот Давид, како најпрепознатливиот симбол на археолошкиот локалитет Стоби, од 5. век.

Папата Франциско на премиерот Заев му подари рачно изработено дело во бронза од мајстор Гвидо Верои на кое симболично е претставена пораката: Светот на солидарноста и мирот е заснован на правда