(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ТРИ ДЕНА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ГРУЕВСКИ: Каде скришно отиде на одмор премиерот, дали е во апартманот на фамилијата во Монте Карло?!

0
2410

premierot-gruevski-so-semejstvoto-na-odmor-vo-turcija-156200

Цели три дена ни трага ни глас од Груевски.Последен пат беше виден утрото на 16-ти јули кога се пормовираше нова инвестиција во Гостивар а договорот се потиша во владата.

lear_g

Каде е премиерот? Дали повторно скришно во негов мафијашки стил тој отиде на одмор без да ја информира јавноста? За да не си го наруши имиџот на вреден човек кој работи 24/7 за Македонија, тој изгледа повторно избега на некоја егзотична дестинација далеку од очите на јавноста за да не видат како се луксузира и како ги троши милионите украдени од македонскиот народ.

Лани тој беше на одмор во Турција наводно на покана на Ердоган, но таа информација излезе официјално откако новинарите дознаа каде е тој на одмор, па ов владиниот кабинет мораше да излезат со официјални информации и фотки.

fethiye-oludeniz timthumb

Дали и сега ќе биде така? Мактел се распраша каде би можел да биде премиерот и дознавме дека Сашо Мијалков има апартман во Монте Карло каде студира неговиот син, Јордан Мијалков, па можно е премиерот да е таму а можно е и тој да има апартман во малото кнежевство каде само најбогатите можат да си дозволат одмор а да не збориме за апартман кој пак сигурно чини неколку милиони евра!

montekarlo-5

Премиерот сигурно со многу луксуз и добра храна ќе сака да го заборави Пржино и селиот кошмар што му се случува во Македонија каде полека неговиот брод тоне и сигурно полека почнуваат да го чешаат глуждовите на рацете и почнува да ги чувствува лисиците кои не му бегаат по серијата криминали и грабежи кои можеме да ги чуеме на снимките од бомбите на Заев!