(ФОТО ГАЛЕРИЈА) : СДСМ викендов во Битола работи на платформата за изборите

0
988

12039566_10153719604407932_9216461693922708735_n-540x338

„Социјалдемократскиот сојуз, јас и дел од раководството сме денеска во Битола, заедно со претседателите на 18-те комисии, членовите на Извршниот одбор, надворешни експерти, заедно работиме на досоставувањето на Платформата, нејзино усовршување во моменти кога ја отвараме дебатата што е тоа што опозицијата, којашто ги вадеше “бомбите“ во целиот овој период, ќе го понуди како алтернативно решение за подобар живот на сите граѓани за периодот којшто е исправен пред нас“, изјави вчера Заев од Битола.

„Секако ги следите процесите, паралелно одат преговорите коишто сами по себе со нивниот успех треба да донесат квалилтетни корективи во нашето општетсво во делот на подобрување на правосудството, во делот на подобрување на медиумите, општо, во делот на подобрување на животот на сите граѓани.

Ја искористивме приликата додека работат комисиите и ова мое слободно време денеска претпладне, да се видиме со групи граѓани, тоа се инвалидизираните лица, лицата со посебни потреби, за да разговараме за проблеми со коишто се соочуваат, а решенијата треба да бидат вградени во Програмата на СДСМ.

Но, разговаравме и со еснафи. Сега пред малку заврши работниот состанок со еснафот, состаноците се отворени и траат толку колку што треба. Ги отвараме сите детали од прашањата без разлика дали е здравство, дали е бизнисот, дали се работните места, без разлика дали е адвокатурата или кој било сегмент од секојдневното живеење. Ние сме свесни дека не знаеме `се, ги поставуваме темелите, Платформата ја нудиме на сите, но, сакаме да биде доградена со максимум решенија за секојдневните проблеми коишто се секојдневна преокупација на граѓаните.

Резултатот е конечен концепт којшто ќе води грижа за граѓаните, којшто ќе ги врати парите назад кон граѓаните, каде што квалитетот и пред `се центарот ќе бидат граѓанинот и семејството, за да негуваме надеж дека ќе создадеме квалитетно општетсво во коешто ќе ги задржиме младите овде, а пред `се и над `се да се обидеме и да ги вратиме заради тоа што миграцијата е голем проблем“, рече меѓудругото Заев.

Во продолжение преку фотографиите објавени на Фејсбук, погледнете како тече работата на платформата.

11703517_10153716768102932_9116797883351422545_o 12029753_10153716771912932_8578451135332405149_o 12010562_10153716773912932_8185106360665812984_o 12022517_10153716777627932_8139410068762362302_o 12045301_10153716783432932_1876933584872354892_o 12038939_10153716786297932_385398024522100623_o 12015036_10153716788782932_4086203171696596612_o 12027361_10153716788557932_6762073612892080805_o