(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ НОВИТЕ ЌЕЛИИ ВО ИДРИЗОВО ЗА ГРУЕВЦИ И ВМРОЊИТЕ, ЌЕ МОЖЕ СЕГА НА РААТ ПО ДВАЈЦА ДА СПИЈААТ ВО КРЕВЕТ

0
1605

Нови ќелии во затворот „Идризово“

Министерката за правда, Рената Дескоска, заедно со Директорот на управата за санкции, Јовица Стојановиќ, денеска пред јавноста ги презентираа новите простории на КПУ „Идризово“ опремени по најсовремени европски стандарди.

Целиот проект за обновување и зголемување на капацитетите на затворот чини 11 милиони евра и е започнат во 2014 година. Во првата фаза изградени се два објекти од отворено и полуотворено одделение со севкупен капацитет од 546 затвореници на простор од 10 илјади метри квадратни вклучувајќи го и оворениот дел од двете згради. Во новите простории ќе бидат сместувани само ново осудувани затвореници.

Ќелиите се за сместување на четири осудени лица, со бања. Затворениците ќе имаат и заеднички простории за престој, работнилици, фитнес сали, шеталишта и игралишта, а за лицата со посебни потреби наменети се посебни ќелии во новите простории. Во првата фаза исто така изградена е пречистителна станица за отпадни води, извршена реконструкција на постоен објект кој е адаптиран во Тренинг центар за одржување на обуки и проверка на знаењата на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во РМ.

„Република Македонија долго време е критикувана во меѓународните и домашните извештаи за несоодветните услови во затворите и со тоа за нехуман третман на лицата кои се на идржување на најтешката казна во македонското законодавство-казна затвор“, рече Министерката за правда, Рената Дескоска.

Во затворот „Идризово“ се сместени повеќе од 3/5 од затворениците во целата земја, според Дескоска неговата пренатрупаност е клучен проблем кој води кон други секундарни проблеми како несоодветни услови за сместување, загрозени хигиенски и сантитетски услови како и отежнато одржување на редот и безбедноста во затворот и спречување на конфликтите внатре.

„Со отварањето на новите капацитети во Идризово посакувам негативните оценки за состојбата на затворите, како оние од Советот на Европа во 2016 година и во извештаите на Народниот правобранител, но и во извештаите на невладините организации кои работата во сферата на заштитата на човековите права да станат минато“, рече Дескоска по што додаде и дека посакува барем еден од овие капацитети кои денеска се отвораат да бидат празни како резултат на намалување на стапката на кирминал во Република Македонија.

Директорот на управата за санкции, Стојановиќ, истакна дека целта на обновувањето на затворот е престојот на затворениците да стане по ефикасен со уште поуспешна ресоцијализација.

„Во првата фаза изградени се 10 илјади квадрати по современи и европски стандарди за напредување на состојбата во нашите затворски установи. Тука сме да го направиме престојот на лицата лишени од слобода функционален, ефикасен, и нивното присуство да резултира со нови вештини, знаења и да бидат продукивни во нашето општество“, рече Стојановиќ.

Проектот за изградба и реконструкција на казнено поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија се реализира преку Министерство за правда – Управа за извршување на санкции со заем од Банката за развој на Совет на Европа (ЦЕБ).

Основна цел на овој проект е унапредување на процесот на извршување на санкциите, преку остварување и унапредување на човековите права во однос на условите за сместување, хигиената, здравствената заштита, работните и слободните активности на осудените и притворените лица, како и подобрување на работните услови на вработените, во четири установи:

1. Затвор “Куманово“ село Кшање, општина Куманово

2. Воспитно поправен дом за малолетници “Тетово, општина Брвеница

3. Казнено поправен дом Идризово, општина Гази Баба

4. Затвор Скопје, општина Шуто Оризари.