(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ МУ КУПИ ЕЛЕТРИЧЕН СКУТЕР ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ НА БЛАГОЈЧО ГЕОРГИЕВ – БРЛОК

0
2170

Благојчо Горгиев Брлок го доби одамна ветениот скутер за инвалидни лица од премиерот Зоран Заев со што од сега па во иднина ќе може почесто да комуницира со луѓето и да присуствува на разни настани.

  • „Друштво сакам да ви се пофалам дека денес на овој ден на Великаните Другарот Тито и Делчев добив поклон СКУТЕР ЗА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА, Премиерот Зоран Заев го одржа ВЕТЕНОТО, Благодарност до Небо за Премиерот, Сашо Денесовски, Томислав Тунтев, Лазе Таневски вие денес на еден инвалид човек му поклонивте нозе, сега можам да одам самостално да отидам до продавница и да си купам нешто без да малтертирам други луѓе. Мојата радост е неизмерна и прв пат од што сум толку среќен мозокот ми е блокиран и дури незнам како пишувам. Ви Благодарам Добри Луѓе останете такви какви што сте, вашето широко срце верувам дека ке помогне на многу луѓе.
    П.С Премиерот Зоран Заев го чекам на гости со својот мотор а јас со моторот што тој ми го поклони да извозиме еден круг затоа што мислам дека мојот мотор е побрз од на премиерот.
    П.П.С Другарке Ивана Божиновска, јас добив количка, Зборот е Збор ти благодарам и на твојата борба за мене.
    Ве сакам сите бидете ми живи и здрави и од Бога Благословени!“.

Од фејсбук профилот на Благојчо Георгиев – Брлок