(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НЕ СТИВНУВА ЕЛАНОТ ЗА РУШЕЊЕ НА РЕЖИМОТ: Илјадници граѓани без сендвичи, наредби или закани повторно ги преплавија скопските улици и порачаа НИКОЛА НА РОБИЈА!

0
1361

Граѓаните и денеска, точно во 18 часот, ја блокираа улицата пред СЈО и го почнаа протестот, за подоцна преку Собранието и Владата да завршат пред објектот на Град Скопје.

Движејќи се по маршрутата постојано извикуваа: „Оставка, оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Никола на робија“, „Мафијшка држава“, „Николче диктаторче“…

Еден од демонстрантите во името на целата група што протестира рече дека преговори во овие услови се невозможни. Тој уште еднаш ги повтори барањата на граѓаните: повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Иванов и негова итна и неотповиклива оставка, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, да се формира специјално одделение во Кривичниот суд за случаите за кои е надлежно СЈО, да се повлече одлуката за избори на 5 јуни, да се вклучат независни претставници во процесот на решавање на политичката криза и преговорите да се одвиваат на територија на Република Македонија.

сј 2 сј 3 сј 4 CggQmSlWIAAF33g CggTQdVUYAEKxm_ CggVE2RUsAAH__l сј 5 сј 6 сј 7 CggZlZVUAAIzhAC CggYkfYUIAEuV15