(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НА СУГАРЕ И КИТАНОВ ТИТО ЌЕ ИМ ПОЗАВИДИ ВО ГРАДЕЊЕ НА ОТВОРЕН ПАТ, АВТОПАТИШТА И ЛОКАЛНИ ПАТИШТА, И ДВАЈЦАТА ОД БЕРОВО НАЈАВИЈА НОВИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗАМ

0
1200

Сугарески: Со инфраструктурните инвестициите во Берово го развиваме туризмот и локалната економија.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска беа во работна посета во Берово каде најавија нови инфраструктурани проекти.

Министерот Сугарески истакна дека општина Берово има потенцијал за развој, посебно во прекуграничната соработка и туризмот и затоа Министерството за транспорт и врски ќе го подржи секој инфраструктурен проект во насока на унапредување на туризмот и развој на локалната економија.

“Како Влада, развојот на Берово ни е од особена важност. Во овој момент се реализираат проекти во вредност од околу 6 милони евра само во делот на инфраструкурата. Сакам да најавам дека за десетина дена, преку министерството ќе распишеме јавен повик за изградба на водовод за село Двориште, а она што е уште поважно ќе распишеме и јавен повик за реконструкција на водоводот во туристичката населба Беровско езеро.

Првиот е многу значаен за подобрување на улсовите за живот на жителите од Двориште, а вториот е уште позначаен за унапредување на туризмот во Берово, како една од гранките што се развиваат во општината”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески потенцираше дека во овој момент забрзано се работи на реконструкција на регионалниот пат од Берово до граничниот премин Клепало, што многу важен проект за подобрување на прекуграничната соработка и развојот на економијата во регионот.

Генерално, се работи активно на терен, инвестициите ќе продолжат и во следниот период и очекувам дека Беровчани ќе бидат задоволни како се развива нивната општина, истакна министерот Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов изјави дека во Берово се работи на неколку регионални патни превци.

“Започнавме со реконструкција на регионалниот пат Берово – Виница, инвестиција од 1,9 милиони евра, а веќе втората половина од оваа година ќе започнеме и со реконструкција на делницата од Берово до Струмица, инвестиција од 1,3 милиони евра. Министерот спомна дека активно работиме на реконструкција на регионалниот пат до Клепало, исто така во фаза на санација е и транзитниот дел низ Берово. Со сите овие инвестиции и претходно кои ги завршивме, го заокружуваме процесот на реконструкција на преку 40 километри патна мрежа во Малешевијата”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека реконструкцијата на патниот правец Клепало е од особен важност за Берово и развојот на општината. Тој нагласи дека води интензивни преговори со градоначалникот од општина Струмјани од Република Бугарија за дозавршување на преостанатите 6 километри пат од бугарска страна за целосно фукционалност на патниот правец и отворање на граничниот премин Клепало.

Со почит

Министерство за транспорт и врски