(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Манифестацијата ,,Вкуси ја Гази Баба” втора година по ред е епицентар на културните збиднувања во општината

0
2015

Општина Гази Баба внесува модерна нишка во организирање на културни настани во општина. Доказ за тоа е и последниот настан “Вкуси ја Гази Баба- Вкус за сите генерации” кој на едно место, на плоштадот во Автокоманда собра голем број на граѓани од речиси сите населени места во општината, но и надвор од неа.

Посетителите имаа можност да се запознаат со компаниите кои на посебни штандови ги претставија своите производи, да дегустираат од гастробомските умешности на врвни готвачи и да уживаат во одличната музичка програма за сите генерации.

Градоналалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски ја отвори манифестацијата и изрази задоволство што втора година по ред, овој настан е епицентар на културните збиднувања.

– “Чест ми е што ја имам можноста да ја отворам манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации” која ја спроведуваме втора година по ред. Среќен сум што внесуваме еден нов, урбан и модерен концепт на организирање на културни настани во нашата општина.

Граѓаните  имаа можност да слушнат едукативни совети од врвни стручни лица за готварството и здравата храна.

Им гарантираме на сите посетители прекрасен ден со одлична музика, дополнета со храна, пијалаци и производи кои потекнуваат од општина Гази Баба.

Целта е компаниите да ги презентираат своите услови, своите производи, а со тоа да бидат што подостапни и поблиску до граѓаните, посочи градоначалникот Георгиевски.

Музичкиот дел започна во 15 часот со Dj Боби, од 18 настапија Златните Славејчиња, потоа Екстра бенд, па Александар Митевски и Драган Спасов Дац, атмосферата дополнително ја загреа Влатко Лозаноски, а по него следуваа Брас Брадрс.