Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, присуствуваа на божествената литургија во црквата Св. Леонтиј, во манастирот во Водоча, Струмица.
,,На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто нѐ исполнува во овие свечени денови.
Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.