(ФОТО) БУЏЕТАРИТЕ НА ГРУЈО ПРЕГАЗЕНИ ОД БРОЈКАТА НА СЛОБОДАРСКАТА РАЈА – Гугл јасно пресмета: Над 70.000 граѓани беа на големиот митинг на СДСМ пред Влада, ДПМНЕ не можеше да собере ниту 15.000!

0
2258

Како што и се очекуваше, најинтересното нешто по големиот митинг на СДСМ и Коалицијата “ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА” во неделата, беа и се бројките.

Колку народ имаше на митингот? Објавените и проценетите бројки се навистина различни.

Еве една мала математика според Гугл мапс. Според пресметките на Гугл, направени по стандардите на Би-би-си, во неделата пред Владата протестираа над 70 000 луѓе.

Ако се знае дека просторот пред Влада е 17061 м2, а на еден квадратен метар беа 4 луѓе, плус странично до зградите, се доаѓа до бројка од над 70 000 граѓани.

Споредбено со ДПМНЕ каде немаше повеќе од 15000 граѓани, бидејќи имаа огромни дупки на просторот.