(ФОТО) БРАТ ЉУБЕ И СТЕВО БЕА НАЈГОЛЕМИ НЕПРИЈАТЕЛИ ВО 2001-ВА, НО ВРЕМИЊАТА СЕ СМЕНИЈА: ОМ со поддршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

0
1118

Претседателството на Обединети за Македонија во поширок состав, на својата синоќешна седница, донесе едногласна одлука за подршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Поддршката на кандидатот зад кој, патем, застанаа триесетина политички партии, за ОМ претставува и продолжување на 2014 и доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Претседателството оценува дека во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето, чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе соработува со извршната власт, ќе гледа кон иднината и ќе промовира заедништво и реформски капацитети во државата.