(ФОТО) БРАВО ЗА НАШАТА ХЕРОИНА : Алпинистката Илина Арсова со поддршка до Шарената револуција од највисокиот врв во Северна Америка

0
939
#Protestiram pozdrav do #Sarenarevolucijaна напиша Илина Арсова на својот фејсбук профил и објави фотографија од најизолираните планински врвови на светот и највисокиот во Северна Америка – Денали 6,144 м.н.в.
13342918_10153666694257963_6679209768740445768_n
Врвот се наоѓа во Алјаска каде се искачија Македонците – Илина Арсова и Филип Василески Четкар. За Илина ова беше втор обид за искачување на Денали највисокиот врв. Топографски Денали се смета за третиот најпроминентен и најизолиран врв на светот после Еверест и Аконкагва, па затоа и пристапот и искачувањето до истиот е доста тежок. Екипата минала 20 дена на глечер во текот на целото искачување.