Во центарот на Кавадарци, полицијата го блокира изборниот штаб на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам и Демократска партија на Ромите, под сомнение дека неколку лица внатре во просториите вршеле поткуп на ромското население. Наводно им се делеле по 1000 денари на лица од ромска националност.
Откако биле откриени, поткупувачите се заклучиле во штабот.
Во моментов се забележува поголемо присуство на граѓани од ромската етничка заедница пред штабот.