Форумот на слободоумни партиоти на средба во Делегацијата на ЕУ

0
803

Соопштение на Форумот на слободоумни партиоти:

Претставници на Републичкото координативно тело Форумот на слободоумни партиоти во текот на денешниот ден остварија средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата беше дискутирано за актуелната политичка и Уставна криза во Република Македонија, како и можните решенија за излез од истата. Притоа уште еднаш беше потврден нашиот став дека местото на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО и дека државата час поскоро мора да се врати на евро-атланскиот пат.

Претставниците на Форумот уште еднаш ја искажаа својата поддршка за Пржинскиот договор како и за Специјалното јавно обвинителство.