Формирана нова коалиција на македонската политичка сцена: „Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА“

0
990

„Денес, 08 мај 2016 година, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, МОРО –РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА И ДЕМОС ја формираа „ Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА”  (КПП) во интрес на понатамошно заедничко дејствување во услови на исклучително сложена политичка состојба.

Претствниците на Коалицијата ги истакнаа клучните приоритети содржани во Платформата, а околу кои „Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА“ (КПП) се обединува и ги афирмира пред македонската јавност.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, нагласи дека: „ Платформата за дејствување, претставува одговор на граѓанскиот предизвик, да се формира нов, силен политички блок, кој ќе дејствува за да се случат промени и правда во Македонија.

Наша цврста определба е дека во Македонија мора да се спроведат длабоки реформи, за да се создадат услови за фер,демократски и кредибилни избори.

Не е можно креаторите на кризата,сега самите тие,да се наметнуваат како спасители на државата.

Тие што ги кршеа изборните правила, ги прислушуваа граѓаните и ја ограбија Македонија, а Ѓорге Иванов, ги аболираше, нити сакам јас, ниту било кој треба со нив да разговара и преговара за слобода, демократија или владеење на правото. Уште помалку тие треба да бидат некаков фактор кој треба ЕУ и САД да го респектираат.

Нема креативни и државнички решенија без да се вклучи во овие процеси граѓанскиот сектор, експертите и медиумите.
Ние се залагаме за промени, промени кои никогаш повеќе нема да дозволат да се случи една партија, еден човек, една власт.

Аболираните владеат со државата и го блокираат системот се со цел да не понесат одговорност. Но на се има крај. Народот е на улица и бара правда и мир. Без да се ефектуираат овие две работи, протестите ќе продолжат. Тие ќе траат се додека законите не важат подеднакво за сите, се додека аболираните не ги вратат украдените пари и не ја добијат заслужената казна.

Во едни вакви состојби, наместо да бара одговорност, Ѓорге Иванов, аболираше 56 носители на високи државни и политички функции, како и нивни соработници, за кои има сомненија за инволвираност во кршење на изборните правила, незаконито прислушкување, како и во организиран криминал.

Во овој драматичен период, треба повеќе разум, чувство на одговорност и  сите заедно да дејствуваме, тоа е наша обврска за татковината и за идните генерации.
Сакаме стабилна држава, економски развој и младите да останат овде во Македонија.
Изборите ќе се одложат, но ако не се формира експертска Влада, од врвни професионалци и без партиски багаж, тогаш агонијата ќе продолжи.

Сме за формирање на експертска Влада, повлекување на аболицијата и создавање услови за политичка и кривична одговорност за сите што го “заслужуваат”тоа.“
Трајанов ги повика и другите партии и поединци да се придружат.

Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, рече:
„Можеби некој ке праша зошто ПРОМЕНИ и  ПРАВДА????

Одговорот е мошне едноставен:

• Прво: За да им го покажеме патот и местото на мрачните политички сили и да се спасиме од неизбежната катастрофа што ни се заканува сите нас да не уништи.
• Второ – затоа што на РМ и се потребни одговорни  политичари кои се спремни  конечно да  создадат демократски косолидирана и просперитетна РМ како современо демократско, инклузивно, иновативно и рефлексивно општество.
• Општество, каде државата ке биде одвоена од партијата,
• Трето: Затоа што целта ни е слободна и праведна РМ ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери и
• Четвро: ПРОМЕНИ се потребни затоа што неможеме да дозволиме и понатаму да имаме држава каде ТАТКОТО НА НАЦИЈАТА е соучесник во злосторничко здружување
Зошто ПРАВДА ?
• Затоа што за сета сторена злокоб над граѓаните на оваа напатена држава мора да се сноси одговорност
• Само преку ПРАВДА ќе ја спасиме нацијата од невидениот нанесен срам, поради досегашниот  непримерениот начин на владеење и изборниот криминал
• ПРАВДА, затоа што не смееме да дозволиме и понатаму граѓаните да бидат  вовлекувани во измами од гигантски димензии преку медиумски вешто граден неморал и цинизам,
• Затоа што ПРАВДАТА треба да ја санкционира   самобендисаната и популистичка реторика која служеше како параван за реализација на личните и лукративни цели.
• ПРАВДА  е потребна за да го казниме сторениот правен и политички нео-варваризам кон граѓаните и државата

Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС, посочи:

„Во Македонија, со ваков политички систем каде не постои никаква одговорност на политичките субјекти, и ангели од небото да донесеме … и тие ќе се корумпираат и помалку или повеќе исто ќе се однесуваат.

Затоа, на Македонија и се потребни коренити промени на политичкиот систем. Со тие промени ќе се оневозможи апсолутното владеење на една партија и создавање на монструозна  партиска држава која ги голта и под своја апсолутна контрола ги става сите институции.

Сега само ќе ви ги соопштам двете основни цели на КПП – првата цел е во иднина политичарите да се натераат да мислат на општиот интерес, а не само на својот приватен интерес, како што тоа беше досега и втората цел е во блиска иднина политиката да престане да ја заробува јавноста и со тоа да дојдеме до стадиум каде политичарите кротко и професионално ќе си ја вршат работата, а на народот не ќе му биде важно ни кој е премиер ни кој е претседател на државата. Кога овие две цели ќе ги постигнеме, дури тогаш ќе можеме да зборуваме дека има демократија во Македонија.“

Претседателот на МОРО-РП, Горан Зафировски, во својот говор нагласи дека „Работничката партија ќе настојува да биде никулец од кој на човекот, преку економската сигурност, ќе му биде вратена човечност, како и неговиот опстанок во семството и општествената и државната заедница. Ќе бидеме зародиш со кој ќе и се стави крај на лажната девиза која политиката ј изедначува со „вавилонска блудница“ и ќе ја врати во нејзините научни рамки за да обезбеди економски просперитет во државата.“

Приотитетите на чија имплементација ќе работи Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА”ги презентираше Весна Стоименовска од ДС, при што нагласи дека” Политичка и кривичноправна одговорност за сите кои ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри.

Ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата преку создавање законски услови за конфискација на криминално стекнатиот имот од функционерите и забрана за нивно политичко дејствување од најмалку 10 години. Имотот и парите кои се стекнати на коруптивен начин или се плод на организиран криминал ќе бидат одземени и ќе бидат вратени и поделени на граѓаните на Македонија рамноправно.

Минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра, како и голем број на други социјални мерки ( социјална помош од 6000 денари, формирање на Фонд за млади, формирање на станбен фонд за решавање на проблемот со домување, посебно на младите брачни парови и сл.).

Независно судство преку реформа на судскиот систем и негово ослободување од притисоците на дневната политика. Реизбор на сите судии (вклучително и на судиите на Уставниот суд) и на обвинителите. Расчистување со аферата „Пуч“, односно неовластеното прислушување преку јакнење на самостојноста на институциите и целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство.

Коренити реформи и промени во сите области како еден од главните предуслови за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и исполнување на стандардите за влез во ЕУ и НАТО.“

Инаку, оваа „Коалиција за ПРОМЕНА И ПРАВДА” е отворена за други партии, граѓанскиот сектор, како и за експерти и сите граѓани кои се за правда, стабилност и мир“, се вели во соопштението на Коалицијата за промени и правда.