Формирана Асоцијација на 8 здруженијата на ветерани, резервисти од одбрана и безбедноста за безбедна и стабилна Република Македонија

0
1605

Вчера на ден 28.06.2018 година, во Скопје, 8 здруженија на граѓани потпишаа Меморандум за соработка и формираа Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

На средбата беа присутни Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, Балкански форум за безбедност, Клубот на генерали, Дипломатскиот клуб Скопје, Здружението на дипломирани студенти на НАТО колеџот во Рим, Здружението на воените пензионери на Р. Македонија, Здружението на армиски ветерани и Здружението на учесници во вооружените дејствија при одбрана на суверенитетот на Р. Македонија (ЗУВО на РМ) 2001/2002.

Имајќи ги во вид досегашните искуства од меѓусебната соработка на овие здруженија, како и можностите за натамошно проширување на соработката, со потпишувањето на Меморандумот за соработка се афирмира идејата и се организира постојана форма, рамка и начин на реализирање на соработката и заедничките активности на партнерите со создавање на Асоцијација на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.

Целта на оваа Асоцијација е поддршка и развој на научната и стручната теоријско-емпиријска дејност во сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи преку дебата, разгледување и размена на идеи, опции и конкретни планирани активности во насока на укажување на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и во регионот, како и промовирање на вредностите на граѓанското општество согласно со Уставот и Законот за здруженија на граѓани и фондации.

Со Асоцијацијата раководи и активностите ги координира заедничко Координативно тело, составено од по еден претставник на секоја од организациите и здруженијата – членки на Асоцијацијата. Имајќи ги во вид интелектуалните и искуствените капацитети на членките на Асоцијацијата, партнерите се согласија заеднички да соработуваат и да делуваат за остварување на следните цели: – преку взаемна соработка, организирани дебати и размена на идеи меѓу партнерите и низ конкретни планирани активности да се изградуваат зеднички ставови во врска со афирмацијата на општите безбедносно-одбранбени вредности и квалитетни меѓународни врски и односи со предлози и укажувања за имплементација на најефикасните начини за воспоставување на безбедна и политички стабилна средина во Република Македонија и регионот, – врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и меѓународните односи, да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво, како предизвик и приоритет во насочувањето и интензивирањето на активностите на полето на вредностите на безбедноста и во создавањето услови за одржлив развој, зацврстување на довербата и соработката во регионот, – низ експертски и искуствени сознанија да се придонесе за препознавање на севкупните ризици и можните нови појавни манифестации на безбедносните состојби, за идеите и организациската подготвеност како да се одговори на предизвиците и на потребните подобрувања во концептот на националната безбедност и меѓународните односи, согласно документите на ОН, Советот на Европа и Европската унија.

На оваа средба присуствуваше и координативно тело на Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста, одбраната и меѓународните односи.