Фокус: „Шарените“ се изборија за фотелји – ќе се изборат ли за правда?

0
1297

ШТО ГИ ПОВРЗУВА ЗАЕВЦИ И ГРУЕВЦИ!?
Ги читам заевци дека било нормално сега да бидат вработени, оти трпеле 11 години терор од груевци. А убедена сум дека тоа што го истрпеле, не е ни 10 отсто од она што ние како фокусовци, и слични на нас непартиски фактори, го преживеавме, некои не – како Никола Младенов, а не се боревме за да „нѐ вработат“ туку за големата слика.

ФОТЕЛЈИ И РЕВОЛУЦИЈА
Илјадници луѓе што беа дел од Шарената револуција, со месеци протестираа барајќи правда, слобода и подобар живот во Македонија. Но, малкумина одбрани од улиците, невладините организации и медиумите завршија во барокната торта, која ја гаѓаа со бои и во новата влада. Јавноста зајадливо прашува – се боревте за правда или за позиции и фотелји?

УБК БИЛА ГЛАВНА АЛАТКА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ
Министерот Оливер Спасовски повторно застана на челната позиција во МВР, откако еднаш направи генерална проба, за време на техничката влада. Реформите, како што вели, во доскорашното МВРО, ќе ги почне од УБК, бидејќи Управата било местото на злосторството, односно тука се подготвувале сите криминални активности на претходната власт

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ
Евентуален независен настап на локалните избори на групата „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ, би бил силен удар за партијата. Покрај оваа опасност, тука е настапот од позиција на опозиција, како и обвинувањата од СЈО, кои ќе имаат силно влијание врз изборите. За првпат по 2005 година, пак, СДСМ настапува од позиција на власт и ќе ги организира изборите

ХОМОСЕКСУАЛЦИ ИМА И ВО ВМРО-ДПМНЕ И ВО СДСМ И ВО ДУИ!
Бранко Манојловски е најстариот пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој е православен Албанец, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Манојловски ја пропушти историската шанса да заседава со првата конститутивна седница, но затоа, пак, ќе остане запаметен по своите либерални ставови во однос на хомосексуалците и геј-браковите. По еден разговор со него може да се забележи дека нема големи политички амбиции, но се залага за човековите права

ТАЈНИТЕ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА
Факт е оти Бугарија изоде децениски пат на европска еманципација, за денес да бидеме сведоци кога државен министер, јавно го прифаќа македонскиот јазик. Но позначајната патека која ја мина Софија е подадената рака за поддршка на Македонија за членство во ЕУ и НАТО, како висок бугарски национален интерес. Какви отстапки ќе направи Македонија?

ТРИ ПРИНЦИПИ НА РЕАЛНАТА ПОЛИТИКА
Кој испадна победник од „судирот на левицата“? Па, оние кои го бранеа Зекири и неговото право да зборува што сака, дефинитивно. Оти тие покажаа дека кога треба да избираат помеѓу лојалноста кон принципите и лојалноста кон кадрите, кои лично Заев ги донел во партијата и ги ставил на високи позиции, го избраа Заев, а не принципите. И тие, дефинитивно, ќе бидат наградени 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Нашата историографија дала голем придонес во докажувањето дека македонскиот народ постои и заслужува да има своја држава. Но, ако сакаме тие аргументи да бидат прифатени, потребно е да не се служиме со фалсификати бидејќи во историјата постојат документи. А тоа значи, што се однесува до цар Самуил, тој навистина бил цар на Бугарите

Ерол РИЗАОВ
Влада на спасот може да биде единствено онаа која нуди решенија, а не оправдувања, и која е подготвена за тоа да ја плати цената со своја глава. Најновата коалициона влада на Зоран Заев ќе биде онолку долговечна колку што ќе го направи историскиот чекор кон демократијата, владеењето на правото и кон Европа

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како е можно некој што бил неконструктивна власт, наеднаш да се преобрази во конструктивна опозиција!? ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски, никогаш не е била конструктивна власт, а нема да биде ниту конструктивна опозиција. Тоа е во спротивност со нивното политичко битие, но и со нивната лична природа

Ана ПАНОВСКА
Не знам кој ги поучи вмровциве на оваа финта со десетве пратенички групи и кој е тој душман што вака му закоби на ВМРО-ДПМНЕ и го натера свесно, нагло да почне да се распаѓа. Да знаеше Груевски што беља ќе го снајде, не ќе ја „фураше“ во парламентот оваа детинеста тактика, која на крај со сигурност ќе ја доживее како онаа: „Сите меат и јас меам ‒ кога гледам, мене меат!“

Сашо ТАСЕВСКИ
Три дена им требаше на владиците да излезат со соопштение. Прво рекоа дека глисерот не е купен, туку е донација, а потоа дека не е нивни, туку им е позајмен… Видете вака владици… И за вас колцето се заврти. Груевски нема да може и понатаму да ги покрива вашите мајмунлаци, зашто гледа да го спаси својот задник. А дека сте невини, не сте!