ФОКУС: Советот на обвинители утре одново ќе гласа за тимот на Јанева?

0
971

timthumb.php

На седницата на Советот на јавни обвинители имало предлог да се гласа за листата обвинители предложена од Катица Јанева. Но единствено тројца од вкупниот број членови гласале за таквиот предлог. Доколку се одеше на таков начин тогаш извесно е дека сите 14 обвинители, кои ги предложи специјалната обвинителка, ќе беа избрани. Тоа ќе значеше почитување на Законот за специјално обвинителство и продолжување на политичките преговори на партиите кои по завршување на преговорите за Изборниот законик беа прекинати, односно СДСМ се повлече, пишува Фокус.

Доколку се избереа сите обвинители на Јанева опозицијата немаше да ги напушти преговорите, а со оглед дека пакетот за изборите бил затворен ќе можеше наредните денови да се дискутира за законите за пријавувачите и за ограничување на употребата на прислушуваните снимки, но и за кадровските решенија за внатрешни работи и за труд и социјала каде треба да се изберат министри од СДСМ. Сега ситуацијата е некако на почеток и се ќе зависи од утрешната одлука на опозицијата како ќе настапува во иднина, но и од притисокот на странците.

Целиот текст ОВДЕ