Фокус: Необјавени „бомби“ – Груевски безмилосен, Мијалков за компромис

0
1078

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ДУРИ НИ ДИКТАТОРОТ НЕ СМЕ СИ ГО ИЗБРАЛЕ СЛОБОДНО
Добрата вест е дека  груевизмот е во зрела фаза на демонтажа. Без оглед дали изборите ќе бидат на 5 јуни и на некој друг петти или шести! Првиот притвор падна, за началникот на Петтата управа. Мразот е скршен. Судијата изгледа го понеле владините реклами „Осмели се“. Да, Пешевски прв запеа на партиски собир, ама веќе се знае и кој прв ПРОПЕАЛ!Збогум, Никола!

НЕУНИШТЛИВИ ДОКАЗИ
СЈО ги сомничи началникот на Петтата управа, Горан Грујевски и министерката Гордана Јанкулоска дека организирале уништување на системите за прислушување во УБК за да ги прикријат трагите од прислушувањето, но и покрај уништувањето на машините, не успеале да ги уништат доказите, дознава „Фокус“

НЕОБЈАВЕНИ „БОМБИ“
Оние што се добро упатени во содржината на необјавените „бомби“ посочуваат оти меѓу Груевски и Мијалков постои судир на концепти. Наспроти бескомпромисноста и бескрупулозноста на Груевски, Мијалков честопати знаел да настапи рационално и прагматично и кон политичките противници

СЦЕНАРИЈА ЗА РАСПЛЕТ
Наспроти уверувањето дека власта сака да организира криминални избори на 5 јуни, сметам отиГруевски и ДПМНЕ-бандитска се толку растурени по најновите удари од СЈО, а пастирот го очекуваат нови хидрогенски бомби, по што ќе почне да ја губи волјата кога било да се појави на избори

ВО ДПМНЕ НЕМА ЈУНАК ШТО ЌЕ МУ СООПШТИ НА ГРУЕВСКИ ДЕКА МУ ЗАВРШИ ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА
Поранешниот вмровец кој со ДПМНЕ долги години водеше судски спор за партискиот имот, чиј сопственик стана во времето на Георгиевски, за на крајот да им го врати, Александар Бежовски, во интервју за „Фокус“ говори за политичкиот пад на Груевски и врхушката. Иако сега работи во Управата за извршување санкции, нагласува дека не им се плашел кога биле најјаки, не, пак, сега кога бомбите ги разголија

ВРЕМЕ ЗА ИСТРАГА
Поминаа три години од трагичната, чудна, контроверзна и мистериозна сообраќајна несреќа во која загина основачот и сопственик на „Фокус”, Никола Младенов, најслободоумниот и безмерно најхрабриот новинар. По отпочнатите незапирливи промени во Македонија, сосема е јасно дека е време е за нова вистинска истрага

СЕЧЕНИ И ЛЕПЕНИ АПАРАТИ
Пред две недели, експремиерот Груевски, на скопската Клиника за гинекологија промовираше нова лабораторија. Но, само еден час подоцна, вработените реагираа дека апаратот воопшто не е нов туку 15 години стар. Лекарите беа принудени да ги повлечат своите реакции, бидејќи добиле закани за разрешување и откази.

НЕ НИ ФАЛАТ РЕШЕНИЈА, НИ ФАЛИ РЕШИТЕЛНОСТ
Што ако паралелизмот и не е толку лоша работа од која треба да се „ослободиме“ веднаш штом политичката ситуација ќе се нормализира? Оти кај нас, секоја ситуација има потенцијал штом се среди пак да забега. Затоа, не е лошо да го прифатиме принципот модифициран од некогашниот слоган „и по Тито – Тито“ и да очекуваме и да бараме дури „и по кризата – криза“.

 

Колумнисти:

Гордана ПОПСИМОНОВА
Политичката криза во Македонија предолго трае. Секое нејзино пролонгирање, со себе го носи и ризикот од појава на апатија и летаргичност. Од овие причини, сметам дека треба масовно да се појавиме на петти јуни пред избирачките кутии. Да ја завршиме работата и да зачекориме во слободно утре

Ана ПАНОВСКА
Парламентарното мнозинство затрчано работи во преостанативе десет дена до распуштањето на Парламентот, да стокми регулатива што ќе ги заштити од невремето што доаѓа. Затоа нека го иткаат, нека му ги бацуваат нозете и нека одат на длабоко поклонение кај Ѓоргета Иванов

Александар ТОРТЕВСКИ
Станува сѐ поочигледно дека СЈО во својата историска мисија, покрај криминалците што треба да ги гонат, најголемиот противник ќе го имаат во претседателот на Основен суд Скопје 1 и неколку негови полтрони. Дали некој со нешто ги уценува или нешто им ветува или со нешто им се заканува?

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Организацијата ја моделира Македонија во виртуелна држава во која настаните и состојбите се релативизираат, а граѓаните се препарираат. На овој начин проектот „Преродба“ стана сосема спротивен на Дарвиновата теорија за еволуцијата, бидејќи докажува дека од човек може да се стане мајмун.