ФОКУС: Иванов од „Јасен“ ќе командува со апсење „пучисти“

0
1395

Во најновниот број на неделникот Фокус ќе читате:

ИМА ЛИ ГЕНЕРАЛИ ШТО МОЖАТ ДА ПРОЦЕНАТ ДЕКА НЕКОЈ Е НЕПРЕСМЕТЛИВ!?
За разлика од тие што сметаат дека военото сценарио е само блеф, додека под маса груевци се пазарат за амнестија и за широка владина коалиција, мене опцијата ми изгледа реално согласно психо-профилите на Ѓорге и Никола. Особено што алтернативата им е Идризово. Не знам дека некој психопат се излечил, дека диктатор напрасно станал демократ, дека Фикус преку ноќ „расцветал“…

ПАТРИОТИ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ПРОФИТ
Дел од предводниците на протестите „За Заедничка Македонија“ добија по неколку функции во надзорни и управни одбори, дел го проширија семејниот бизнис, додека некои трчаат за да си ги зачуваат директорските фотелји… Сѐ во знакот на „патриотизмот“!

ШТО ОТКРИВААТ ГОДИШНИТЕ ПАРТИСКИ СМЕТКИ?
Финанансиските извештаи на четирите најголеми партии за 2016 година покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ станува се поимотна партија, чија вредност достигнува 26,8 милиони евра. Како што политички се факторизира, приходите на СДСМ исто така растат, на ДУИ опаѓаат заедно со гласовите, а БЕСА и финансиски и дише во врат

ВАНГЕЛОВСКИ ПРОТИВ СЈО
Новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поднесе два предлога со кои сака да ја блокира работата на СЈО. Едниот е за разговорите од бомбите да не можат да се користат како докази, а вториот е СЈО да не може да поднесува барања за заштита на законитоста. Прашање е дали судиите ќе му удоволат на претседателот или ќе ја задржат професионалноста

КОМАНДЕН ШТАБ ВО „ЈАСЕН“
Како што дознава „Фокус“, пред Велигден била организирана посета на специјално избран армиски и разузнавачки тим од страна на претседателот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на воено-инфраструктурните објекти во шумскиот резерват „Јасен“ во мисија на нивна подготовка за сместување на Груевски, Иванов и нивните семејства, за планираната воена состојба!

СПОРНА ГРАДБА ВО ТАФТАЛИЏЕ
Дел од земјиштето на кое се гради огромниот станбен комплекс на фирмата „Настел“ во скопско Тафталиџе го демне незавршен процес на денационализација, велат неколкумина наследници кои го обвинуваат градоначалникот Јакимовски дека незаконски продал нивно земјиште

АВТОРИТЕТОТ Е ПОБИТЕН ОД ЛЕГИТИМИТЕТОТ
Кога ќе кажеш дека до крајот на февруари, па до крајот на март, па наскоро, за некој ден дека ќе формираш нова влада, ќе донесеш живот во Македонија, и така секој ден се лажеш и себеси и следбениците, со текот на времето, луѓето почнуваат да губат доверба во твоите гаранции и уверувања. Со еден збор, во твојот авторитет

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Ова е вистинита приказна како последниот македонски спасител успеа со своите лаги и измами, со слаткоречивост, со рушвет и со ќотек, со закани и со многу лажни тревоги 10 години да ги држи во покорност граѓаните на Македонија

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Оекувањата дека Али Ахмети и ДУИ ќе бидат одговорни и конструктивни во разрешувањето на македонскиот политички јазол се сосема погрешни. Во поделбата на улогите АА ја има задачата на „петта колона“ во пазувите на новата власт, која ќе сака – ама не сака да биде ниту власт, ниту опозиција

Ана ПАНОВСКА
Помина доволно време во џентлменско убедување, молење и кумење, време, доволно претходната власт, по децениското владеење, малку да се соземе и да ја прифати реалноста дека веќе не е власт ‒ едноставно, да издиши! Заев мора храбро, како што го заигра орото пред две и пол години и сега храбро да го доигра!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Добивме држава на тацна, па од толкава „борбена традиција“ вие ли „чокајлии“, „мекерета“ и „борци за македонштина“ се најдовте да војувате против „внатрешниот и надворешниот непријател“ со зурли и тапани , бла-бла дебати и дрн-дрн јариња бладања?

Рамадан РАМАДАНИ
Пред неколку недели читавме за студентка која починала три месеци чекајќи ги медицинските анализи. Сега да замислиме девојката да се викаше Македонија и да чекаше влада, споредбата во тој случај ќе беше и повеќе од морбидна: точна