ФОКУС: Дали Груевски ќе биде првоосомничен за Скопје -2014?

0
1343

Во новиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ИВАНОВ КАКО ГАНГРЕНОЗНА КЛЕТКА НА ГРУЕВИЗМОТ
Токму според дефиницијата што професорот Иванов ја даде за режимот на СДСМ пред 12 години, кога премиерот ја има сета моќ, полицијата е во функција на власта а не на народот, јавната администрација е поданичка и ги исполнува желбите на власта, а во иста улога е и судството … Иванов сметаше дека таквиот систем е гангренозен. За жал, не спомена каква улога во гангренава може да има претседателот.

ДАЛИ ГРУЕВСКИ ЌЕ БИДЕ ПРВООСОМНИЧЕН ЗА СКОПЈЕ 2014?
Снимките за Скопје 2014 откриваат како однапред се договарале цените, и оние за материјалите користени при изведување на проектот, и оние за уметниците, но секако и за провизиите. Изворите на „Фокус“ откриваат дека има снимки од кои станува јасно како споменик што вреди стотина илјади евра стигнувал до два милиона.

НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА СО ГОЛЕМ ИМОТ
Новите членови на Владата Миноски и Исајловски имаат позавидно имотно досие. Новиот заменик министер за надворешни работи има два стана во Москва каде неколку години беше амбасадор, а новиот министер за финансии, има и сопствена компанија и невладина организација!

СКАНДАЛ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА
Стефан Влахов до Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) доставил претставка дека е дискриминиран. Проф. д-р Катерина Тодороска, пак, во разговор за „Фокус“ објаснува дека нејзината негативна рецензија како член на рецензионата комисија за предвремен избор на Влахов во звање научен советник, се засновала на факти.

ДАЛИ ДПМНЕ ЌЕ ИЗБЕРЕ РЕКТОР ПО СВОЈ ТЕРК?
Дел од професорите обвинуваат за местенки, закани, притисоци и вмешаност на партијата на власт во изборот на нов ректор, чиј фаворит наводно е Јанкуловски. Сомневањата уште толку ги подгреа одлуката на Студентскиот парламент да организира избори за нов претседател токму во периодот кога се избира ректор.

СИТЕ ЗАЕДНО ГЛУМАТ ЛУДИЛО?
Заев има добра шанса да се изедначи со Грујо, според осетот за стратегија. Под услов да знае од кои политички, идеолошки и персонален товар да треба да се одрекне (за што најавата за прераснување на шареното движење во партија е идеална можност), тоа ќе биде вовед во последната сезона од серијалот во кој Никола Груевски веќе цела деценија ја игра главната улога.

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Говорот на Груевски покажува дека тој бргу ќе отстапува и едноставно ќе ја предаде власта. Но, тој негов пораз може да биде одложен, ако се одржат брзи избори, на пример во октомври.

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во овие драматични времиња, на Н.Г. би му било паметно да не се потпира и да не смета на лојалноста на своите довчерашни поданици. Ако еднаш го смениле тимот или, пак, му се приклучиле затоа што во дадениот момент процениле дека тоа е победничката страна, што ќе ги спречи истото да го направат и сега.

Ана ПАНОВСКА
Граѓаните ги освоија улиците. Сега останува сите политички партии што не се ВМРО-ДПМНЕ, добро да се организираат и на изборите што следат да го остават ДПМНЕ со „полупразни“ раце.

Александар ТОРТЕВСКИ
Груевски никако не сака да се помири со фактот дека во новата претстава режисерот му има доделено улога на статист. Тој упорно се бори со спуштената завеса и изгаснатото светло на сцената и како палјачо се обидува да го привлече вниманието на преостанатите гледачи.

Гордана ПОПСИМОНОВА
Груевизмот се самоуништува, затоа што сето она кое до вчера било негова моќна алатка за владеење, сега се претвора во сопствен камен, кој паѓа врз сопствената глава. Катица Јанева и Шарената револуција нема да го урнат, тој се самоурива на поимот „Катица Јанева и Шарена револуција“.