ФОКУС: Адвокатите на РЕЖИМОТ бараат СЈО да ги затвори предметите против Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Протуѓер и останатите аболицирани криминалци!

0
911

Адвокатите на аболицираните функционери на ВМРО ДПМНЕ поднеле барања до Специјалното јавно обвинителство да се затворат постапките против Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски, Протуѓер и останатите преставници на власта чие криминално однесување е во фокусот на работата на обвинителството на Катица Јанева, објави „Фокус“. Веќе неколку пати правните застапници се повикале на одлуката за аболиција на Иванов и сугерираат СЈО под итно да ги прекине сите потраги и да ги затвори предметите, исто како што направиле судовите и ги прекинале сите постапки. Одлуката за аболиција, според адвокатите на власта, се однесува на сите фази од кривичната постапка и со оглед дека е целосна, неопходно е СЈО да ги затвори постапките.

Неофицијални извори во СЈО потврдуваат дека имало такви барања на адвокатите и дека обвинителството тешко дека ќе ги затвори постапките. Во правец на ова одат јавните настапи на тандемот Ристоска- Фетаи кои повторуваат дека нема да престанат со работа и дека ќе продолжат со истрагите, исто како што во прилог им оди и фактот дека многумина за кои се почнати постапки не се аболицирани, како на пример во предметите „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“.

Повеќе ОВДЕ