ФИЈАСКО ВО ДПМНЕ К.ПАЛАНКА : На отворање на месни штабови, едвај по 5 до 6 присутни членови

0
1597

Дали долгогодишното опстојување на власт и со тоа наталоженото незадоволство кое е евидентно кај членовите на партијата или пак бомбите на Заев преку кои се виде дека со владејачката партија управува криминална банда, што и да е, јасно е дека Вмро-Дпмне полека но сигурно се спрема за во опозиција.

Ја нема веќе онаа енергија и масовност при отварање на штабовите од изминативе изборни циклуси.

Наведнети глави и замислени лица е она што може да се забележи.

Така е во сите досега отворени месни штабови во Крива Паланка.

На отварањето на с.Жедилово, од месното население односно членство присуствувале само 5 лица, останатите биле доведени од Крива Паланка.

Истото е и во останатите, се едни исти лица шетаат од штаб во штаб за да се прикаже некоја масовност но безуспешно.

Во народот има една поговорка која гласи: Со сила убавина не бидува.

Тоа е тоа. Крајот е дојден. Доста беше власт 10 години, време за одмор.14804824_350605481997876_729538179_n

14055782_350605098664581_495953282_n 14797519_350605088664582_1301961053_n 14055796_350605121997912_21629558_n 14825547_350605558664535_1175167833_n 14793869_350605508664540_2028607750_n