Фирма на претседател на ОК на ДПМНЕ Ранковце си лапнала 20 илјади евра од ЈП Комуналец Кр.Паланка?!

0
1395

Каде и да навлезете во работењето на директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка насекаде наидувате на сомнителни договори, плаќања, трошења на луксузи и што ли уште не, пишува „Доказ“.

Ова е договор склучен помеѓу ЈП Комуналец Кр.Паланка и фирмата ЛИСЕЦ-ГУЊАР Роберт Дооел извоз-увоз с.Опила Ранковце, за набавка на градежен материјал – цемент, усјемал, железо и др.од 18.02.2015г во износ од 1 милион и 116 илјади денари или околу 20 илјади евра.

Додека обичното членство го тапшаат по рамо и користат само за гласање, еве како одредени локални функционери стануваат милионери само преку еден договор. И нормално, потоа е лесно да возат скапи мерцедеси и водат луксузен живот.

Но,значи ли ова дека преку вакви јавни набавки, парите од јавните претпријатија се префрлуваат на фирми во сопственост на високи функционери на владејачката партија и потоа дел од тие средства се користат во предизборни цели?

Граѓаните мора да знаат како се трошеле нивните пари.

Секој кој го прекршил законот мора да одговара.

Во Македонија мора да завладее правото и правната држава.

14886157_358712041187220_549576861_n