Фирмата што ги купила плацевите на Водно во приватен стан, со неа директорува кумот на премиерот

0
1171

„Сирах“ е компанијата купувач на земјиштето на Водно. Ниту на вратата, ниту пак, на поштенското сандаче, не е обележано дека во станот има седиште на фирма која во Централниот регистер е заведена со почетен паричен влог од над милион евра, пишува Бирн.

sediste-sirah-540x405

Никакво обележје за постоење на фирмата „Сирах Инженеринг“, купувач на земјиштето од 11 илјади квадратни метри на Водно, нема во зградата на улицата „Димо Хаџи Димов“ 38 во Кисела Вода.

Според документите од Централниот регистар, фирмата е регистрирана 2012 со почетен влог од 1,2 милиони евра.

Редакцијата на БИРН беше на локацијата на оваа фирма каде што како директор се јавува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на премиерот Никола Груевски.

Директорот на фирмата, Ристо Новачевски, има пријавено живеалиште на улицата „Димо Хаџи Димов“, а таму е и седиштето на фирмата.

Новинарката на Бирн се обидела  да стапи во контакт со Новачевски за да го праша кога и од кого го купил земјиштето каде што сега се наоѓаат шуми, но никој не и отворил кога заѕвонила на вратата на станот наведен како адреса на компанијата.

Оваа фирма, „Комплекс Александрија“ е лоцирана на улицата Скупи 3-а во Скопје – адреса на која се лоцирани повеќе фирми поврзани со бизнисменот Орце Камчев. На оваа адреса се наоѓа и фирмата „Кара АД“, која е сопственик на други две парцели на Водно, а последните две парцели ги има купено „Ексико“, фирма регистрирана во Белизе, па потоа во САД, а сега во Лугано, Швајцарија.

За сопственикот на македонската „Сирах“, Новачевски, има малку информации на интернет. БИРН дознава дека тој е вработен во „Гринфарм“ ДООЕЛ Бразда Чучер Сандево, фирма за трговија на големо со фармацевтски производи.Во меѓувреме, БИРН поднесе и официјални барања до Државниот катастар за недвижности за историјата на ова земјиште, со цел да се види од кого и кога фирмата „Сирах“ ги купила двете парцели на Водно.

Новачевски претходно работел во „Кемофарм – Скопје“, фирма за која опозицијата уште во 2007 година обвини дека власта ја фаворизира оваа компанија при набавката на индиските цитостати и стентови за Кардиологија.

Целиот текст прочитајте го тука.