ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА СО ДЕМАНТ ДО БОКИ 13 : НИЕ НЕ МУ ДАДОВМЕ ДОКУМЕНТИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ

0
1165

Управата за финансиска полиција демантира дека вработени во Управата им доставиле одредена службена документација на претставници на одредени медиуми.

,,Финансиските полицајци при извршување на своите надлежности и активности постапуваат согласно Законот за кривичната постапка и Законот за финансиската полиција и со обезбедените предмети и документација постапуваат со висок степен на доверливост почитувајќи ги законските правила и прописи. Со оглед на горенаведеното, демантираме било каква вмешаност на вработени од Управата за финансиска полиција и доставувaње службена документација на лица надвор од Управата”, се наведува во соопштението.