ФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ КРУГ: Пендаровски победник во првиот круг, освои 4.500 гласа повеќе од Силјановска

0
1085

аедничкиот кандидат на коалицијата, Стево Пендаровски е победник на првиот круг од претседателските избори во кои освои 323.189 или 42,84 отсто од гласовите што е за 4.509 гласа повеќе од Гордана Силјановска Давкова, според обработените 99,81 отсто од гласачките ливчиња во ДИК.

Кандидатот Блерим Река освоил 79.796 гласа, а бројот на неважечки ливчиња е 32.755 или 4,34 отсто, додека вкупно гласале 754.407 или 41,80 осто од вкупниот број на избирачи во избирачкиот список. Во вториот круг на изборите на 5 мај граѓаните ќе избираат меѓу Пендаровски и Силјановска.

Според опозицијата, тесната разлика меѓу првите два кандидати е јасен сигнал за потребата од предвремени избори.

-Благодарам за мнозинската поддршка што ми ја дадовте мене и на овој концепт уште во првиот круг. Во првиот круг води концептот ‘Зедно’ и тој ќе победи и на вториот круг на пети мај“ изјави Стево Пендаровски, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ.

-Опозицијата успеала навистина не само да им предочи, туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда, може да си раскажуваме прикаски за ЕУ и НАТО. На оваа земја и треба нов профил на политичари, демократска култура, европско лидерство. ЗНам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови, и ако на тие ги додаме оние на Блерим Река, прикаската е јасна, изјви Силјановска.