Филип Рикер слета во Македонија и напиша „Дома сум“

0
1110

Поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, Филип Рикер, слета во Македонија и на својот профил на Фејсбук напиша „Дома сум“ а при тоа објави и фотографии од античкиот локалитет Стоби.

Искусниот американски дипломат, Филип Рикер, ќе го замени Вес Мичел на функцијата шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања, почнувајќи од 18-ти март, а во Македонија доаѓа како шеф на европската команда на САД во Штутгарт.

Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел во почетокот на годинава.

Тој ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој беше амбасадор во САД во периодот 2008-2011 година, односно непосредно по неуспехот на Македонија на самитот на НАТО ви Букурешт. Од таа позиција, Рикер беше активно вклучен во разговорите што следеа потоа за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.