ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Мицковски да објасни како се стекнал со 5 хидроцентрали?!

0
6026
Ја почитувам Иванка (поранешна Додовска) сега Василевска. Сум бил во емисија кај неа во Радио Слободна Македонија. Токму за да не се разбереме погрешно вака го започнав статусот.
Таа е сега член на ИК на Мицковски. Политичка фигура. Па затоа и има одговорност кога објавува статуси за УДБа (пак да не се разбереме погрешно јасна ми е намерата да се нападне СДС и секако треба) да провери со кој седи токму во тој ИК. Не е пристојно да се правиме дека не знаеме кој е „ГЛУМЕЦ“. Да обвинуваме за удбаштво а до себе да имаме човек кој се согласил станот да му биде озвучен за да се прислушуваат членови на ВМРО е во најмала рака ДЕГУТАТНТНО.
Притоа тој „глумец“ ми ти станал и бизнис партнер на Мицко. А токму во досиеата на УДБА се говори дека треба да му се дадат пари за кирија, пошто ги нема! Па одтука не е јасно како од нула денари се стига до сопственик на ХИДРОЦЕНТРАЛИ (ВНИМАВАЈТЕ СЕ РАБОТИ ЗА МНОЖИНА).
Ова по се изгледа е успешен случај на развивање на бизнис за кој што модел на запад се објавуваат книги. Едноставно секој што тргнал од нула и станал милионер е пример кој што сакаат и другите да го знаат. Но во овој случај нема книга, нема јавност и нема објаснување како овој соработник, т.е. кодош станал сопственик на милионски бизнис. Колку што знам јас има луѓе по градов што добро знаат за што се работи. На крајот на краиштата ќе се сложите сите ние сакаме да ЗАРАБОТИМЕ ЗА ПО НЕКОЈА ХИДРОЦЕНТРАЛА АКО СЕ МОЖЕ. Нали?!
И сега да обвинуваме други дека се УДБаши а да не погледнеме лево десно не е во ред нели? Ајде и да мислевме дека му го подметнале на Мицко при изборот во ИК, кога подоцна дознавме дека они имаат бизнис соработка од поодамна… Како викаат парите немаат идеологија а?
Мене нешто друго пак ме интересира? Зошто никој овие врски не ги образложува, истражува и разјаснува? Слободното новинарство каде е? А СОРОСОИДИ? Или нема пари и мотивација сега? Или е добро што немате сопки воопшто од десно при промената на името? Многу прашања… Да не е во прашање корупција преку овој бизнис? Да не случајно преку оваа структура, релација се обезбедува финансиска комуникација и послушност?
После се, ќе се сложите, ние треба да бидеме различни од оваа тоталитарна, квислиншка и предавничка власт. Ама не само на статуси и зборови туку на дела. Сега за сега не се гледа дека е така…