Филипче: Нема повлекување на одлуката за невакцинираните деца

0
846

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека нема да има отстапки од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка. По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.