Филипче: За прв пат воведовме каталог на ретките болести со протоколи за нивно третирање

0
1253

„Промените создаваат систем за да запре одлевањето на парите на граѓаните кон странските здравствени системи. За прв пат воведовме каталог на ретките болести со протоколи за нивно третирање, и обезбедивме посебен, најголем дел од буџетот на министерството за обезбедување лекови за лицата со ретки болести. Зголемени се платите на здравствените работници, и коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. За првпат, приватните специјализанти земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, а со измената на законот за здравствена заштита, секој млад лекар добива шанса да се ангажира во системот на јавно здравство “, рече министерот Филипче во вечерашното гостување на Националната радиотелевизија.

„Воведовме револуционерен чекор во изборот на високата раководна служба за деполитизација на јавните администрација. Тоа е само еден чекор од многуте системски промени за поефикасна јавна администрација. Дигитализацијата се спроведува интензивно како најдобра алатка за приближување на услугите до граѓаните. После Скопје „Една точка за услуги“ за исполнување на административните потреби на граѓаните и ќе бидат отворени и во Куманово, Тетово и Охрид. Националниот портал за електронски услуги кон граѓаните ќе ги доведеме сервисите до граѓаните, до нивните мобилни уреди. Тоа е нашата цел“, потенцираше Манчевски во емисијата “Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ на Националната радиотелевизија, на која учествуваа и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, со министерот за здравство Венко Филипче.