„Фејсбукот“ и „Твитерот“ на Владата неми за поплавите, граѓаните се самоорганизираат

0
1078

Страниците на Владата на Република Македонија на социјалните мрежи немаат објавено никакви информации за поплавите кои викендов го погодија Скопје и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица.

На официјалните страниците на Владата на социјалните мрежи „Фејсбук“ и на „Твитер“ нема ниту препораки, ниту, пак, информации за собирање на хуманитарна помош. Последните објави на страниците се направени на 26 јули и се однесуваат за 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој загинаа 1.070 лица , а 3.000 беа повредени.

Во текот на вчерашниот ден претставници на Владата, заедно со лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги посетија погодените места, разговараа со граѓаните и најавија преземање соодветни мерки за справување со последиците од невремето. Овие информации, преку кратки видео изјави се објавени само на страницата на „Фејсбук“ на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на страницата на владејачката партија, но не и на „Твитер“.

vlada-i-partija-860x680

Соопштение за поплавите и начинот за справување со нив има само една од двете Фејсбук страници на Црвениот Крст на Македонија, но не и на двата прифила на „Твитер“.

crven-krst-fb-1

Граѓаните денеска самоиницијативно отворија Фејсбук-страница „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје “, на која се испраќаат апели за донации на храна, вода и волонтери.

Дваесет и две лица загинаа во поплавите на подрачјето на Гази Баба односно: Ченто, Стајковци, обиколница Смилковци и селото Црешево. Првичните информации од трагичниот биланс говорат и дека шест лица се водат како исчезнати, дваесетина се повредени, поплавени се многу куќи и објекти, направена е голема материјална штета.

Извор: Мета