Федери

0
1183

Браќа и сестри,

треба да се знае дека македонскиот мултикултурен модел е  од  НЕТЕРИТОРИЈАЛЕН тип. Тоа значи дека “наводна опасност” за федерализирање на земјава неможе ни под разно да произлезе од ОРД, ниту пак од неговото евентуално проширување. Македонската мултикултурна акомодација, имено, паметно е конципирана со ОРД како н е т е р и т о р и ј а л н а, т.е. како единствен начин ДА СЕ ИЗБЕГНЕ федерализацијата! Ова е заокружено преку: гарантираното претставување; групноспецифичните права; деликатните консоцијативни решенија и преку иновацијата за задолжителна примена на „бадентеровиот принцип” за сите области кои се од исклучително значење за малцинските заедници (дефинирани се овие области во Мајскиот договор!).

Дополнително, иако консоцијацијата понекогаш,  НО НЕ СЕКОГАШ,  има консеквенци на т.н. етнофедерализам или на плуринационален федерализам, како напр. во БиХ, Белгија, Швајцарија, Либан, Кипар, и тоа е меѓу другото  причина за нејзина оправдана критика, НЕ ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ дека тоа нужно се случува.  Токму спротивно, во македонскиот случај, слично како  и  северноирскиот, се покажува дека консоцијацијата може да има форма и на исклучително софистицирано и пред се – НЕТЕРИТОРИЈАЛНО решение за  акомодирање на фактот на мултикултуралноста.

Нека не Ве мафтаат, браќа и сестри, дека ако се прошири ОРД, македонскиот мутиклултурализам ќе заврши со територијални федеративни прекројувања. За тоа да се случи треба целосно да се суспендира ОРД и самиот Устав,  што иако е мастер план и “оbject pettit A” на познатата антиуствна власт – сето тоа ќе си остане само на ниво на wishful thinking и на лоша пропаганда. На ништо повеќе од тоа !

Слично, нека не Ве лажат, дека  ОРД  е главната причина  за поделеното  општество по етнички шавови, или,  дека ветото за малцинствата неминовно доведува до блокада на политичкиот систем, бидејќи токму македонскиот пример го покажа обратното – и во науката верификувано, патем, спротивно: дека игнорирањето на потребата од инклузивност доведува до ПАРАЛИЗА на политичкиот живот, а и на животот како таков , воопшто.

Значи, проблемот не е во договорот по себе,  туку  е во неговата намерна и тенденциозна НЕПРИМЕНА. Исто како што постои и  генерална тенденција за неприменување на  Уставот од страна на оние неодговорни политички ќелии.

Кажано со други зборови, “административните Албанци” не беа регрутирани по етнички клуч , туку беа “НАБУТАНИ” по партискиот клуч на ДУИ ,  а  за тоа не е крив договорот по себе , туку тој што него не го применувал соодветно!  Слично, балетски синхронизираната изведба на трагичното толкување на законот за амнестија од собранскиото дуо ДМПНЕ <3 ДУИ не е овозможена со ОРД, туку од лица  на кои ништо не им значат злосторства против човештвото.  Примери има безброј.

Оттука, единстевно легитимно прашање , околу кое може да дебатираме денес,  а во врска со  проширувањето на ОРД, е евентуалното  проширување на постоечките нетериторијалн области, поточно на редуктивното вето (бадентеров принцип), и тоа  за :

  1. донесувањето на буџетот на РМ, и 2.  функционирањето/ одлучувањето на Уставниот суд.

Тоа е , браќа и сестри,  нашата реална потреба од дебата денес , а не е федерализацијата !

Идејата за федерализација,  еденствено може да се исцрпи преку  харселовскo-феноменолшка  анализа на  политичките ФЕДЕРИ кои немаат капацитет да ја амортизираат нашата турбулентна реалност.Толку.

Ана Чупеска-Станишковска