ФАЦАТА МУ КАЖУВА СЕ: Мерцедес од Германија се вклучи со судскиот процес и застана на страна на СЈО, судот ги прифати новите докази на СЈО во Тенк, во петок првата пресуда против паторот!!!

0
1630

Судечкиот совет го одби приговорот на одбраната на обвинетите во „Тенк“ и прифати СЈО да ги презентира новодобиените докази.

Обвинителот Стевчо Донев рече дека новите докази биле добиени со замолница за меѓународна правна помош, содржи 58 страници на македонски, германски и англиски јазик. Станува збор за е-маил комуникација меѓу Дајмлер бенц и Мак аутостар.

Адвокатите на обвинетите беа против судот да ги прифати новите докази на СЈО, но по инсистирањето на обвинителите дека станува збор за битни докази, судечкиот совет реши да ги прифати и да бидат разгледувани во постапката.

Содржината на новите докази не беше презентирана на денешното рочиште, а расправата продолжи со изведување докази на одбраната.

Во „Тенк“ обвинети се Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, како и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Во судот денеска се присутни Никола Груевски и Ѓоко Поповски.